b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_12_fitilvs1961.jpg

Вардар 1961 допатува како единствен непоразен тим во македонската Суперлига во Битола, но ја почувствува моќта на шампионот. Еурофарм Пелистер одигра многу похрабро, но и подобро во клучните моменти и славеше со 28-23 (13-10), во рамките на 16. коло.

Почетокот од мечот му припадна на Вардар 1961 и домашниот тим бркаше резултат во добар дел од првото полувреме, но во самиот финиш, домаќинот влезе во импресивна серија и на пауза замина со предност од 13-10. Хаидаридад почна да брани како во транс и всушност беше главниот човек кој го сопре налетот на „вардарци“. Иранецот беше иницијатор на пресвртот на крајот на првиот дел, а продолжи во ист стил и на стартот на вториот дел, кога „зелено-белите“ продолжија да ја зголемуваат предноста на семафорот.

Еурофарм Пелистер дојде до максимални +6 во 45. минута кога на семафорот стоеше 21-15, по што полека се доби впечаток дека победата е осигурана. Вардар се приближи на -3, но тоа беше најмногу што успеа да направи во вториот дел, кој целосно беше во знакот на избраниците на Шундовски. Пелистерци мирно го приведоа мечот до крај и славеа со 28-23, нанесувајќи му го првиот пораз на Вардар во домашното првенство.

Саид Хаидаридад беше јунак на мечот со 12 интервенции откако доби шанса на крајот на првиот дел, но во нападот импресивен беше Богдан Радивојевиќ со девет погодоци од девет обиди, исто како и капитенот Филип Кузмановски кој постигна шест погодоци. Во поразениот Вардар, Хориха беше најефикас со шест гола.

Ракомет
Суперлига 2025/26
16. коло

Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 28-23 (13-10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.500
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Манасков 2, Видомски 1, Ристевски, Хакбарт, Тајник 1, Хенигман, Кузмановски 6, Радивојевиќ 9, Абутовиќ, Калајџиовски, Пет. Атанасијевиќ, Пешевски 6, Хосни 2, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 7/5

Вардар 1961:
Богдановски, Валах, Гогов, Стојановски 1, Боно, Георгиевски 3, Митровиќ 5, Хориха 5, Танкоски, Атанасовски, Кавада 2, Малус 4, Пинто, Ќосевски, Јанковски 1, Борозан 2
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 10 минути

Во следното 17. коло, в недела попладне Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723