b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_12_sundo1961.jpg

Битола повторно слави, а шампионската трка е ширум отворена. Еурофарм Пелистер му го нанесе првиот пораз на Вардар 1961 сезонава, славејќи со 28-23 во салата „Боро Чурлевски“. Но, ова не беше само победа на тимот и стручниот штаб, туку и на гледалиштето и „Чкембарите“.

По натпреварите пред новинарите зборуваа тренерот Шундовски и кружниот напаѓач Пешевски.

Звонко Шундовски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Екипата се развиваше многу добро на овој дерби-меч, во првите 15 минути имавме седум промашени зицери, а резултатот беше тука. Квалитетот нивен и карактерот излезе на високо ниво. Многу сум задоволен како директор и како в.д тренер што видов позитивна реакција во еден тежок момент за клубот. Одигравме многу агресивна и добра средба, едно дерби во кое дојдовме до важна победа. Честитки за сите.

Жарkо Пешевски
(РК Еурофарм Пелистер)

Најпрво, сакам да се заблагодарам на сите искрени навивачи на Еурофарм Пелистер. Минавме низ тежок период, не беше толку црно, ама тежок момент за еден спортист професионалец, пад на концентрација со Алкалоид, феноменално отворање со Загреб, па лоши 15 минути во првиот дел и пораз. Ова денес нека биде една шок инјекција и за нас и за сите навивачи. Се вративме во борбата титула, сите знаевме дека ако Вардар останеше непоразен во Битола, ќе беше огромен фаворит за титулата. Имаме уште едно гостување тешко во Охрид, максимално се спремаме за тој меч да покажеме зошто сме шампиони на Македонија.

Со оваа победа Еурофарм Пелистер се доближи на само два бода до лидерот Вардар 1961.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723