Шампионот Еурофарм Пелистер рутински ја одработи задачата на гостувањето против Радовиш, славејќи над „фенерџијата“ на табелата со убедливи 17-42. Неверојатното второ полувреме на избраниците на тренерот Алушовски ја направи победата супер-убедлива.
Екипите на Алкалоид ја оправда фаворитските улога и дојде до нови очекувани бодови во Битола. Младата екипа на Еурофарм Пелистер 2 не можеше некомплетна да парира и загуби со 22-36. Овој пораз значи и теоретски дека екипата на Александар Зарков ќе игра во плеј-аутот до крајот на сезоната.
Еурофарм Пелистер со победa го отворија продолжението од сезоната во Суперлигата. Шампионот го доби братското дерби со Еурофарм Пелистер 2 со 39-24. Тимот предводен од Стевче Алушовски издоминира и го прослави петнаесеттиот триумф во деветнасеттиот натпревар.
Стевче Алушовски официјално го презеде тимот и денеска за првпат го водеше тренингот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, со јасна цел, да ги исполни високите амбиции на клубот и очекувањата на навивачите.
Еурофарм Пелистер попладнево ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Без девет репрезентативци, кои ќе настапат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, пелистерци одржаа работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“. Помошникот тренер на Еурофарм Пелистер, Алексо Лембанов, го претстави планот на подготовки на шампионот на Македонија за вториот дел од сезоната.
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Без девет репрезентативци, кои ќе настапат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, пелистерци одржаа работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“. Под палката на асистентот Алексо Лембанов, ракометарите ја одработија првата тренинг сесија.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 03, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 03, 2026 by RK Eurofarm Pelister