Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги објави добитниците на „вајлд-карти“ за новата сезона од Лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер е меѓу оние кои добија.
Дел од ракометниот крем од регионот ќе учествува на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи во организација на ГРК Охрид и Општина Охрид од 20 до 24 август 2024 година. Титулата ќе ја брани Еурофарм Пелистер кој прифати да настапи на турнирот на кој улествуваше минатата година.
Македонскиот машки ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе учествува на популарниот „Турнир на шампионите“ кој ќе се игра во Добој, Босна и Херцеговина.
Еурофарм Пелистер побара „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите
Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер побарал „вајлд-карта“ за место во Лигата на шампионите, а за седумте специјални покани конкурираат 12 клубови.
Еурофарм Пелистер 2 не успеа да победи во баражот против Радовиш за опстанок во Суперлигата и покрај тоа што имаше големи шанси и беше фаворит на оваа средба. Битолчани беа совладани во драматична завршница и од следната сезона се селат во Првата лига.
Фондацијата „Марко Божиновски“ која го носи името на прерано починатиот македонски ракометар во периодот од 14 до 16 јуни ќе го организира третото издание на Меморијалниот турнир за ракометари до 18 години.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister