Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаа пораз од Алборг од 28-33 во последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите. Македонскиот тим се обидуваше да се носи, бори со еден од најквалитетните европски клубови, но и овојпат тоа не беше доволно за поволен резултат.
Македонскииот првак Еурофарм Пелистер неделава го игра последниот домашен натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона.Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натреварите од тринаесеттото коло во Лигата на шампионите.
Последниот седми натпревар на домашен терен од групната фаза на Лигата на шампионите, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го игра в среда вечер против данскиот вицешампион Алборг. Ова е второ соочување на двете екипи, откако во септември во второто коло Данците славеа со 38-23.
Еурофарм Пелистер 2 го запиша првиот пораз во плеј-аутот за опстанок во лигата. Младата екипа на Михаил Петровски загуби во Неготино со 24-23, откако прими три гола во самата завршница, а не реализира серија на напади за потврда на победата.
Еурофарм Пелистер се изнамачи против Охрид и на крајот го скрши отпорот во еден неизвесен и возбудлив натпревар, кој буквално беше решен во завршните седум минути. Охрид имаше три гола предност во првото полувреме и имаше 25-25 во 53. минута, но во самиот финиш потклекна пред притисокот и квалитетот кој го создадоа поискусните и поквалитетни ракометари.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите и медиумите работници за натпреварот од тринаесеттото коло на групата А на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Алборг (28 февруари – 20:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister