Дефиниран е календарот и термините за натпреварите од регуларниот дел на сезоната во Суперлигата. Дознајте ги сите детали од натпреварите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
РК Еурофарм Пелистер 2 ја ивестува јавноста дека за нов тренер на екипата е назначен Михаил Петровски, долгогодишен ракометар на нашиот клуб, а во последните неколку години тренер во школата на клубот. Минатата сезона оствари успех со кадетската екипа на клубот, која го освои третото место на завршниот турнир во Скопје. 39-годишниот Петровски ќе го наследи Александар Зарков, кој си замина на истек на договорот.
РК Еурофарм Пелистер е еден од осумте учесници на ракометниот турнир „Крсте Андоновски-Усташ“, кој ќе се одржи од 23 до 26 август 2023 година во Охрид. Нашиот клуб е дел од групата Б, каде уште се Металопластика, Татран Прешов, Бутел.
Еурофарм Пелистер 2 ќе настапи на осмиот Меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во чест на легендата на македонскиот ракомет и РК Тутунски комбинат. Нашата екипа ќе биде дел од групата Б, во која ќе играат и Кокс (Финска), Мулти Есенс и Пролет.
По ждрепката во Виена со која беа одредени групите во ракометната Лига на шампиони, ЕХФ го објави и распоредот.
Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер против ППД Загреб на домашен терен ќе ја отвори сезоната во елитното европско натпреварување, мечот се игра на 13/14 септември.
Денес во Виена беа извлечени групите за ЕХФ Лигата на шампионите за сезоната 2023//24, а веднаш потоа Европската ракометна федерација го објави и распоредот на натпревари.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 06, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister