Повеќе...

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави список на повикани ракометари за собир за претстојните натпревари со репрезентаците на Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Повеќе...

Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 28-19 (14-8)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 5. коло од Супрерлигата пред својата публика остварија рутинска победа против тимот на Скопје, со резултат 28-19, во натпревар од групата Б. Домаќините од почеток до крај на натпреварот ја диктираа играта и со убедлива победа се загреаја за дерби дуелот против Тиквеш во рамки од следното коло.

Повеќе...

Јуниор Кисела Вода – Еурофарм Пелистер 25-38 (9-18)

Еурофарм Пелистер претходно дојде до лесна победа против Јуниор Кисела Вода од 25:38. Избраниците на Ларс Валтер не видоа мака против повратникот во елитата, уште од почетокот се одлепија и дојдоа до лесни бодови.

Повеќе...

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство. На списокот се повикани ракометарите на Еурофарм Пелистер: Марко Кизиќ, Гоце Ојлески, Цветан Кузманоски, Марио Танкоски, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески и Жарко Пешевски и ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Петар Атанасијевиќ.

Повеќе...

Ракометната федерација ги одреди групите за првенствата во младинска категорија. Системот вклучува 17 екипи во машка конкуренција поделени во две групи. Двете битолски екипи се дел од истата, западна група, во која има уште седум екипи.

Повеќе...

Радовиш – Еурофарм Пелистер 21-37 (12-20)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија на победнички колосек по ремито во градскиот дуел пред девет дена. Попладнево во спортската сала „25 мај“ во Радовиш, лидерот во Б групата на Суперлигата не се ни испоти да стигне до бодовите. Без Вилсон и Сери, екипата на Ларс Валтер извојува победа од 37-21 (20-12).

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723