Повеќе...

Проектот и тимот за новата сезона е комплетен - најдобриот македонски ракометар и натаму ќе игра за најдобриот македонски тим!

Филип Кузмановски го продолжи договорот со шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, за уште една година и ќе го предводи тимот во одбрана на домашната титула и во походот во Лигата на шампионите. Капитенот на македонската репрезентација и капитен на Еурофарм Пелистер стави потпис на нов договор и ќе го продолжи својот победнички пат, кој започна уште од неговото доаѓање во Битола во ноември 2023 година.

Повеќе...

Најмладиот тим во Суперлигата за сезоната 2025/26, Еурофарм Пелистер 2, го комплетира ростерот со кој ќе игра натпревари за бодови од септември годинава. Еден дел од тимот ќе бидат момци кои се дел од младинската екипа, која го освои четвртото место во првото издание на младинската Лига на шампиони.

Повеќе...

Напредокот на нашите најдобри млади ракометари е видлив и затоа клубот ги наградува со нови договори и промоција од младински во сениорски ракомет. Два важни елементи во прогресот на младинската екипа на Кире Митревски и Фарук Мемиќ денес ставија потпис на прв професионален договор со нашиот клуб.

Повеќе...

Чувствуваме дека ова лето нашите навивачи, симпатизери, приврзаници нестрпливо го чекаат стартот на сезоната 2025/26 и натпреварите на нашите екипи. Затоа многу порано од претходните сезони ви нудиме можност да го обезбедите вашето место во спортската сала „Боро Чурлевски“ за сите домашни натпревари.

Повеќе...

Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 има нов десен бек за сезоната 2025/26. Клубот ја следи својата стратегија млади македонски ракометари да го сочинуваат костурот на тимот. Во тој правец денес потпиша договор на четири години со еден од најголемите таленти на својата позиција во нашата земја.

Повеќе...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со домашен натпревар против ППД Загреб ќе ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се одигра на 10 или 11 септември. Во вториот меч пелистерци ќе му гостуваат на Пари Сен Жермен.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723