Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони, а на денешната ждрепка битолскиот состав ги дозна и противниците во групната фаза.
Шеснаесетте учесници во ланското издание на Лигата на шампионите ќе се натпреваруваат и оваа сезона. Познати се термините за натпреварување, кои предвидуваат девет интензивни месеци на највисокото клупско ниво.
Новиот суперлигаш, Еурофарм Пелистер 2, го потврди учеството на турнирот „Миле Нешкоски“; кој годинава ќе го има своето десетто издание. Познати се групите и агендата на традиционалниот турнир во Прилеп. Сезонава ќе настапат пет македонски клуба и српскиот гигант Црвена Звезда, Во првата група се Прилеп, Бутел Скопје и Тиквеш, а во втопрата Еурофарм Пелистер 2, Пролет и Црвена Звезда.
По извлекувањето на стартните броеви познат е комплетниот распоред за шампионатот на Македонија во ракомет за сезоната 2025/26. Двата битолски суперлигаши ќе ја започнат сезоната на гостински терен, а ќе играат меѓусебе во осмото и деветнаесеттото коло.
РК Еурофарм Пелистер ги известува новинарите и медиумските работници за медиа-активностите за време на сезоната 2025/26 во Лигата на шампионите на натпреварите на нашиот клуб.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 09, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 03, 2026 by RK Eurofarm Pelister