Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во домашниот шампионат откако во решавачкиот меч забележаа победа на гостувањето кај Вардар со 30-32. Во победничкиот состав Кузмановски постигна седум, а Пешевски и Тајник по пет. гола На крајот на шампионатот Еурофарм Пелистер го обезбеди врвот со два бода предност пред „црвено-црните“.
Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 30-32 и стигнаа до трофејот.. Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17-15, а имаа и пет гола предност (15-10). Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер беше подобар противник, одигра поагресивно во одбраната, нападот беше потечен за конечен триумф вреден титула.
Нашиот ростер и следната сезона ќе биде преполн со родени шампиони. Еден од нив е Богдан Радивојевиќ, кој се обрвза на нов едногодишен договор со Еурофарм Пелистер. По две успешни сезони во првакот на Македонија, десното крило постигна согласност за соработка и за сезоната 2025/26.
Еурофарм Пелистер на претпоследниот натпревар во оваа ракометна сезона ја победи екипата на Алкалоид во Скопје со 23-29 (14:18). Првакот играше без капитенот Кузмановски, Абутовиќ, Ивиќ и Мохамед Мамдух, кои заради повреда го скокнаа овој дуел. Натпреварот се отвори изедначено до 6-6, но во финишот на полувремето, со дав гола на празна мрежа Еурофарм Пелистер на полувреме замина со 14-18.
Продолжува нашата интенција најдобрите млади ракометари од нашата земја да го носат „зелено-белиот“ дрес. Младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Средниот бек на Тиквеш доаѓа во таборот на новиот суперлигаш и од следниот месеџ ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го освојат Купот на Македонија. Во финалето во Охрид поуспешен беше тимот на Вардар 1961, кој извојува победа од 31-27. Во текот на сите шеесет минути битолчани го ловеа водството на противникот, а голем хендикеп во вториот дел беше и повредата на столбот на одбраната Илија Абутовиќ.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 09, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 03, 2026 by RK Eurofarm Pelister